Состојки:
550 г компири
200 г исчистена тиква
2 јајца
1 лажица путер
Малку мускатно оревче
Сол и црн пипер
150-200 г брашно
Приготвување:
- Сварете ги компирите во лушпа, а тиквата исечете ја на коцкички и сварете ја во малку вода.
- Излупете ги компирите и испасирајте ги заедно со тиквата. Додадете ги јајцата, путерот, мускатното оревче, сол, црн пипер и брашно и замесете тесто. Додавајте брашно по потреба за да не се лепи тестото.
3. Поделете го тестото на 4 дела, а секое парче обликувајте го во тенок колбас и исечете го на 12-16 кнедлички.
- Сварете ги кнедлите во солена вода, исцедете ги и послужете ги поросени со пармезан и рукола.