Започнете го денот со чиа пудинг

0
1715

Ако некоја храна го оправдува епитетот „супер храна“, тогаш е тоа чиа семето. Нека не ве лаже нивниот минијатурен изглед бидејќи ќе ви приредат моќен нутритивен нокаут.

Станува збор за целосно природен производ полн со антиоксиданси, витамини и минерали.

Постојат многу начини на кои можете да ги консумирате, но пудингот е нешто наједноставно што можете со нив да направите.

Совршен е за појадок, без многу работа околу подготвувањето. Се прави вечер претходно, а најубаво е да се јаде со свежо сезонско овошје и со јаткасто овошје.

Започнете го денот со оваа супер веган и глутен фри-бомба!

Состојки:

250 мл бадемово млеко (можете да користите и млеко од соја, од ориз или обично кравјо млеко)
4 лажици чиа семки

1 лажица мед или јаворов сируп по ваш вкус

1 портокал

Ф‘стаци

Приготвување:

Во стаклена чинија или тегла ставете ги семките и млекото. Поклопете и оставете да стои преку ноќ. Чиа семето би требало да ја впијат сета течност и да набабрат.

Пред да послужите, додадете портокал исечен на парчиња и сечкани ф’стаци. Додадете мед и сѐ добро измешајте.