Состојки:
1/3 шолја рогач во прав
3 лажици чиа семки
3-4 ореви
1 шолја суво грозје
5 урми без семки
Приготвување:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Формирајте од смесата кекси со соодветни калапи или направете бомбици па само притиснете ги и сплескајте ги во форма на кекси. Печете ги 30 минути на 180 степени. Чувајте ги во фрижидер.