Со што може да се заменат јајцата во колачи?

0
662

Може ли да се најде соодветна замена за јајцата кога приготвувате пецива? Што би било врзивно ткиво за смесите или пак јајцата слободно можат да се изостават?

Да, постојат одредени замени за јајцата и тоа во облик на намирници кои во тестата имаат улога да ја поврзат смесата. Едно јајце може да се замени со:

– две белки плус 1 лажица млеко во прав;
– 1 лажица скробно брашно плус 3 лажици вода;
– 1 згмечена банана;
– 1 лажица масло плус 2 лажици вода плус ½ лажица прашок за пециво;
– тофу.

Оцетот не може да се користи како замена за јајцата, како што ни јајцата не можат целосно да се изостават од рецептот зашто имаат улога на сврзувач на смесата.