Едноставен начин за правење домашно оризово млеко

Ако сте веган или само сте алергични на лактоза, оризовото млеко што ќе го направите сами дома би можела да биде алтернативата за вас. Особено затоа што нема да имате изговор дека е прескапо

0
293

Одлично е за да го додадете во своето кафе или пак да го искористите за подготовка на колачи.

Доколку сте алергични на лактоза консумирањето на ова млеко ќе ја намали поддуеноста која ја чувствувате после пиење на обично млеко.

Состојки за подготовка на 1 литар

1/2 шолја ориз (може да биде од бел или од интегрален ориз)

литар вода

2-3 урми и ванила или мед

Приготвување:

Оризот ставете го во длабок сад и прелијте го со вода, оставете го да стои преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и додадете нова вода. Сварете го, а доколку сте го оставиле да стои 24 часа, тогаш ќе ви треба многу кратко време за да омекне и да набабри. Оставете го да се излади, а потоа само ставете го во блендер заедно со додатоците и убаво измешајте.

Регулирајте ја густината со додавање на вода. Процедете го низ цедалка, не мора да се мачите со гази. Доколку е премногу густа смесата, талогот ќе си падне на дното од садот во кој ќе го чувате.

Чувајте го во стаклено шише или бокал и ќе биде свежо околу 4-5 дена. Доколку сакате по желба можете да додадете и уште малку мед пред консумирање.