Направете домашно маскарпоне (ВИДЕО)

Ако сакате кремасти десерти, направете домашно сирење маскарпоне бидејќи тоа е една од најчестите состојки.

0
272
Фото: Pixabay

Маскарпоне е едно од поскапите сирења, а нашироко се користи во подготовката на колачи поради кремастата текстура. Еден од најпознатите колачи направени со маскарпоне е тирамисуто, но го содржат и повеќето десерти без печење. Сега можете да направите домашно маскарпоне од само 2 состојки дома без многу мака. Само се вари и се остава да се цеди 24 часа.

Состојки:

565 мл павлака за готвење
2,5 лажици сок од лимон

Приготвување:

Истурете ја павлаката во тенџере и ставете да се вари. Потоа додадете го сокот од лимон и мешајте додека не почне да се згуснува, околу 13-15 минути. Потоа ставете го тенџерето во сад со ледена вода и оставете го таму 10 минути. Во друг сад ставете цедалка и врз неа газа. Истурете ја смесата внатре и ставете ја во фрижидер 24 часа. Извадете од фрижидер и маскарпонето е готово. Од оваа смеса се добиваат 300 гр.

Може да се ​​чува во фрижидер во херметички затворен сад до 5 дена.