Како да направите млеко од бадеми, лешници и кокос

Растителните заменски млека од соја, ориз, овес, јаткасти плодови, кокос, ...сѐ почесто се во употреба како поприкладни од млеката со животинско потекло за исхраната на возрасни лица, вегани и вегетаријанци.

0
788

Сѐ е поголем бројот на луѓе кои во дијагностички постапки дознаваат дека дел од нивните проблеми како диареја, постојана надуеност и грчеви во системот за варење се предизвикани од интолеранција на лактоза. Освен што не содржат млечен шеќер (лактоза) заменските млека немаат ниту штетни животински масти и нмаат глутен, а се боати со минерали, витамини и калциум и имаат нска калориска вредност.

Бадемовото леко содржи повеќе витамини и минерали во споредба со оризовото и она од соја. Млекото од соја содржи повеќе протеини, но помалку минерали па на пазарот, како и она од ориз, се става збогатено со калциум и витамин Д за да може да се понуди како замена за кравјото млеко.

Меѓутоа, сомнителен е квалитетот на производството на соја и ориз и дали се генетски модифицирани, пазатоа многумина им даваат предност на млеката од бадеми, лешници, кокос, коноп…

Бадемовото млеко како замена за кравјо се прави на подрачјето на Медитеранот и Блискиот Исток, кадешто бадемите традиционално успеваат, уште од средниот век. Имено, тоа се топли краишта во кои измолзеното млеко од животните не може да се чува како свежо, туку брзо се скиселува и се засирува. Бадемовото млеко се прави многу едноставно.

Приготвување на бадемово млеко

Состојки:

1 чаша бадеми

3 чаши вода

урми

екстракт од ванила

Приготвување:

Натопете ги бадемите преку ноќ (7-15 часа), па наутро истурете ја водата во која биле натопени бадемите. (Ако водата во која се натопуваат бадмеите ја менувате неколку пати, млекото ќе биде покремаво и повкусно).

Исцедената чаша бадеми, 3-4 урми и3аши вода ставете ги во блендер сѐ додека не добиете глатка смеса. По желба додадете уште лажичка екстракт од ванила. Добиеното млеко исцедете го низ газа и добро истиснете го со раце за да извлечете што повеќе течност од бадемите.

Добиеното млеко држете го во фрижидер, водобро затворено стаклено шише и потрошете го во рок од 2 дена. Можете да го пиете како таквоили да го додавате во кафе, во фрапе илипак како состојка при изработка на десерти.

На ист начин се прави и млеко од лешници.

Кокосово млеко

Состојки:

1 чаша кокосово брашно

o,5 л врела вода

Приготвување:

Загрејте ја водата до вриење. Когаќе почнат да се креваатмеурчиња кон површината, тргнетеја водата одшпоретот и ставете ја во садот во кој е кокосовото брашно. Оставете да се натопува неколку часа, а потоа сѐ измешајте со миксер на најголема брзина 3-4 минути. Добиеното млеко можете да го заблажите по желба (со мед, урми ипо желба да го процедите низ газа. Ако сакате парченца кокос без цедње веднаш ставете го во стаклено шише, во спротивно, процедете го низ газа. Чувајте го во фрижидер 2-3 дена.

Напомена: И кај двете млека со текот на стоењето во фрижидерот се раздвојуваат маста и водата, па затоа, секогаш пред употреба треба добро да се протресе шишето. Ова е најзабележливокај кокосовото млеко – маснотијата во фрижидер целосно се одвојува од водата. Тој цврст дел можете да го користите како додаток во кафе, а водата за пригтвување на фрапеа и шејкови.

 

Фото: Pixabey