Состојки:
1 ¼ шолја свеж сок од морков
1 шолја рендан морков
1/3 ситно сечкан морков
1 ½ шолја домати
1/3 шолја сечкани домати
1 ½ шолја краставица, сечкана, плус 1/3 шолја на страна
½ кромид, сечкан ситно
1 лажица вински оцет
1 лажичка рен
½ лажичка црвен пипер
1 лажица маслиново масло
1 шолја зелена салата, сечкана
1 лажица масло
Приготвување:
1. Ставете ги да се варат сокот од морков и ренданиот морков. Намалете го огнот и нека се варат 5 минути. Октријете и нека се излади.
2. Изблендирајте ги доматите, краставиците, кромидот, оцето, ренот, пиперот и смесата со сокот од морков што ја варевте.Наросете сол и пипер.
3. Нека се излади 30 минути. Ставете го сечканиот морков во микро печка 1 минути да омекне. Па ставете го во сад во кој ќе ги ставите и сечканите краставици, салатата и маслото. Измешајте, зачинете со сол и пипер. Сипете од супата во чинии и украсете со салатата.