Крем супа од лисја од ротквици

Ако и вам ви е жал секогаш кога ги фрлате листовите од ротквиците, еве еден предлог како можете да ги искористите и да направите вкусна крем супа која можете да ја јадете дури и за појадок

0
210

Обично ги јадеме ротквиците такашто ќе ги исечеме црвените топчиња на тркалца и ќе ги ставиме во својата зелена салата, а периодов после Велигден, во својата Мимоза салата (со варени јајца). Но, што е со листовите? Дали ги употребувате и нив или ги фрлате?

Ако досега сте ги фрлале, еве одличен предлог како може да се искористат. Инаку, листовите од ротквица се исто толку вкусни и хранливи како и самите плодови, богати се со железо, па затоа е добро ако имате проблеми со анемија.

Состојки:

2 китки лисја од ротквица
2-3 големи компири
1 мал црвен кромид

2 шолји вода
маслиново масло
100 мл крем за готвење
сол и црн пипер

Приготвување:

Издинстајте го кромидот во маслиново масло, а потоа додадете ги измиените и исечени лисја од ротквица и сол. Динстајте додека не овенат, па додадете ги компирите исечени на коцки и две шолји вода. Гответе додека компирот не омекне. Измешајте сè со миксер и додадете го кремот за готвење и црн пипер.
На крај, украсете со свеж копар, магдоноси или со тркалца од ротквица.

Фото: Pexels