Дали знаете кој е најтоксичен производ на пазарот?

Еден од најопасните додатоци во овој популарен производ не се додава во процесот на производство – туку е нус производ од истиот. Акриламидите се опасна канцерогена супстанција за која е општо познато дека предизвикува рак кај животните, а одредени дози на акриламиди се токсични за нервниот систем кај луѓето и животните. Тие, во далеку поголема мерка од дозволената се наоѓаат токму во – чипсовите.

0
919

Принглс, еден од најпопуларните чипсови е отровен и полн со канцерогени материи, пишува Џозеф Меркола, познат американски доктор по алтернативна медицина.

„Принглс е најпознатиот бренд на чипсови кој се продава во повеќе од 100 земји во светот, а има 1 милијарда годишна заработувачка од продажба. Чипсот се продава во посебно дизајнирани „конзерви“ во повеќе видови, обични, сол и оцет, кисела павлака и кромид, чедар, со вкус на скара и други.

Многумина ќе се изненадат кога ќе слушнат дека овој чипс како и сите други во слични пакувања – конзерви, всушност не се компири во оној облик во кој сите ги знаеме. И самите производители рекле дека тоа технички и не е чипс затоа што количината на компири во производот е занемарлива. Од што се состојат тогаш тие?

Во првата фаза од производството состојките како оризот, пченицата, пченката и компировите снегулки, се мешаат за да се добие своевидно тесто.

Таа смеса потоа се обликува во препознатливите калапи.

Потоа завршува во врел зејтин, а потоа на брзо сушење.

Во последната фаза чипсот се прска со разни засилувачи на вкусот, а потоа се пакува во конзерви. Но, еден од најопасните додатоци во овие популарни чипсови не се додава во процесот на производство туку е нус производ од истото.

Акриламидите се опасна канцерогена супстанција за која е општо познато дека предизвикува рак кај животните, а одредени дози на акриламиди се токсични за нервниот систем кај луѓето и животните. Тие, во далеку поголема мерка од дозволената се наоѓаат токму во – чипсовите.

Во 2005.година е докажано дека сите тестирани чипсови содржат 39 до 910 пати повеќе од дозволеното ниво на акриламиди.

До создавањето на оваа супстанција доаѓа при приготвувањето на храна која била изложена на термичка обработка со пржење, значи и кај чипсовите. И тоа особено засилено кај чипсовите затоа што после печење на висока тенпература тие се сушат.

Сета храна која се обработува на температури над 100 степени Целзиусови ја содржи оваа канцерогена супстанција.

Нивото на овие материи во чипсовите е толку над дозволеното што во 2005.година државата Калифорнија тужела неколку фирми за производство на чипс затоа што не ги предупредуваат потрошувачите на опасноста и на канцерогените отрови кои се опасни по здравјето а се наоѓаат во прехранбените производи.

По тужбата, Фрито-Леј и уште неколку калифорниски фабрики ја намалиле токсичната супстанција до граничното ниво за да го избегнат ставањето на налепница  на која би пишувало: Може да предизвика рак“.