Од нејадливо до перфектно зрело авокадо за само 10 минути

Ако сте нетрпеливи и сакате да го изедете своето авокадо веднаш, а тоа е далеку од јадливо, еве како да биде совршено зрело за само 10 минути.

0
583

Чекањето на авокадото да созрее понекогаш може да биде премногу долго, а вам баш ви се пријало гвакамоле.

Можете да го попрскате, да го ставите во хартиена кеса и да почекате неколку дена за да омекне. Се разбира, има уште и едно чудесно решение со кое авокадото созрева за само 10 минути.

Сѐ што ви треба е рерна, фолија, хартија за печење и незрело авокадо.

Вклучете ја рерната на 200 степени целзиусови. Завиткајте го авокадото во фолија, ставете го во сад за печење и во рерна.

Почекајте 10 минути. Ако е потешко овошјето, ова може да потрае малку подолго, но секогаш кога е пријатно меко, оставете го да се олади во фрижидерот пред да си го направите своето гвакамоле.