Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

0
477

Повеќето соли кои ги внесуваме во организмот доаѓаат од лебот и од преработената храна – особено полуготовата или конзервиранатаНа организмот му се доволни само 2 грама сол дневно и тој податок не треба да се занемари затоа што солта се нарекува и тивок убиец.

Во преголеми количини, со време се зголемува ризикот од мозочен удар и кардиоваскуларни болести.

За да го намалите внесот на сол, конзервирана храна како грав или наут, пред готвењето измијте ги, ставете ги во цедалка, измијте ги под млаз вода, па дури тогаш подгответе ги.

Освен внатрешноста од конзервата важно е да се измие и надворешноста, а не заборавајте да го измиете и отварачот за конзерви по користењето.

Замислете го само патот кој го минале од фабриката до магацинот. Биле во разни раце, на разни полици, а замислете само колку купувачи ги зеле во раце за да го прочитаат нивниот состав.

Можеби притоа некоја паднала и на под. При отварањето на капакот, бактериите лесно влегуваат во храната, а за да го спречите тоа, измијте ја конзервата и избришете ја пред употреба.

Истото важи и за лименките со пиво или соковои, а ако не сте во можност да ги измиете под вода, употребете антибактериски марамици.

Оштетените конзерви е подобро да не се користат затоа што постои поголема опасност од преминување на хемикалиите кои се наоѓаат во состав на заштитниот слој на конзервата, таканаречениот бисфенол А (БПА), во храната. Нивното штетно делување влијае на хормонската нерамнотежа.

Во домаќинствата конзервираната храна е најчесто извор на ботулизам, труење опасно по живот предизвикано од бактеријата Clostridium botulinum.

Еден од знаците за присутност на бактериите можат да бидат надуените конзерви кои шиштат при отварањето.

Дури и самото вдишување на гасот или мала количина храна на рацете може да биде многу опасно, затоа е подобро да не се користат таквите конзерви.

По отварањето, конзервираната храна префрлете ја во стаклен или пластичен сад и чувајте ја во фрижидер.