Три појадоци со помалку од 350 калории што ќе ве држат сити до ручек

Овие три појадоци се богати со влакна, а сиромашни со калории. Секој од рецептите содржи помалку од 350 калории и сите се вегетаријански. И можеби најважно од сѐ – доволни се 5 минути за подготвување.

0
872

Тост со авокадо и јајце на око

Одберете леб од цели зрна кој е полн со влакна и препечете една кришка на тост.

Состојки:

1 лажичка маслиново масло
1 јајце
Пола авокадо
Парче леб
Сол, црн пипер

Приготвување:

Јајцето испржете го на маслиново масло. Авокадото намачкајте го на лебот, па ставете го јајцето и зачинете.
Нутритивна вредност: 345 калории, 21 г масти (заситени 4 г., незаситени – 16), 12 г протеини, 30 г јагленохидрати, 11 г влакна, 1 г шеќер. Оброкот содржи калциум и магнезиум.

Путер од кикирики со овесни снегулки и малини

Ако сакате поблаги вкусови, овој оброк заблажете го со урми. Наместо путер од кикирики можете да користите и некој друг путер од јаткасти плодови.

Состојки:

2згмечени урми
пола шолја вода
пола шолја бадемово млеко
пола шолја овесни снегулки
малку сол
една лажица путер од кикирики
пола шолја замрзнати малини

Приготвување: 

Ставете ги урмите и постепено додавајте вода па згмечете ги. Во еден сад ставете го бадемовото млеко и загрејте го па додадете ги овесните снегулки, намалете ја температурата и мешајте пет минути додека смесата на стане кремава. Тргнете од оган и додадете го путерот од кикирики. Ставете во сад и додадете ги малините.
Мутритивни вредности: 336 калории, 13 г масти (2 г заситени, 10 г незаситени), 11 г протеини, 49 г јагленохидрати, 10 г влакна, 14 г шеќер. Содржи натриум, калциум и магнезиум.

Кајгана и црн грав во тортилја

Купете пченкарни тортилји и кратко загрејте ги во тава од двете страни.

Состојки:

2 големи јајца изматени
Прстофат сол
2 тортилји
1/3 шолја црн грав од лименка
Малку кромид (по желба)

Приготвување:

Изматените јајца можете да ги испржите без масло во тавче за палачинки со малку сол. Поделете ја кајганата на два дела и ставете ја во тортилјите, додадете грав и малку кромид.

Нутритивни вредности: 347 калории, 12 г масти ( 3 г заситени и 8 г незаситени), 21 г протеини, 39 г јагленихидрати, 9 г влакна, 3 г шеќер. Содржи натриум, калциум и магнезиум.