Чудесниот целер го спасува срцето

Коренот од целер би требало да биде застапен во исхраната особено во текот на зимата. Овој плод содржи изобилство од хранливи материи, а е особено добар за здравјето на крвните садови.

0
1032

Супстанциите од целерот ги опуштаат артериите, овозможувајќи им да се шират и така придонесуваат за еластичноста на крвните садови кои во текот на зимата се често оптоварени со големите температурни разлики.

Освен тоа, хранливите материи од ароматичниот корен ја подобруваат крвната слика и циркулацијата, апетитот, ги отстрануваат пречките во варењето, додека ацетилениксот, една од неговите состојки, го запира ширењето на клетките на ракот.

Го регулира притисокот

Делотворен е и во ублажувањето на астмата, засипнатоста, реумата, а заради високата содржина на натриум, и за гихт, мокрачните патишта, бубрезите, нервните заболувања.

Целерот ја намалува и концентрацијата на лошиот холестерол, а заради изобилието на витамин Ц помага полесно да се преболат настинките и да се подобри имунитетот. Затоа што содржи активни фталиди, состојки кои ги опуштаат мускулите на артериите, целерот може да го регулира и крвниот притисок. Исто така, постои верување и дека целерот ја подобрува половата моќ.

Добар диуретик

Сировиот целер е многу делотворна состојка во исхраната кај кожните заболувања. Се препорачува и на за лица кои имаат камен во бубрег или во бешиката затоа што е добар диуретик. За да се постигне саканиот ефект, треба ситно да се изрендаат иста количина целер и јаболка, добро да се измеша и да се консумира повеќе пати во текот на денот или како салата.