Пивската јога стаса и во Македонија

0
513

Замислете еден тренинг на кој можете да пиете алкохол и истовремено да работите на истегнување на мускулите. Токму овие две нешта ги спојува најновиот вид на јога, познат во светот под името „пиво јога“.

Наводно, овој вид на вежби го имаат измислено берлинските хипстери, кои со молскавична брзина станале популарни ширум светота особено во Австралија.

Јогата е дисциплина која носи многу физички и ментални придобивки. Сѐ повеќе и повеќе трендови се воведуваат во јога праксата, а тоа сега е случај и со пивската јога.

Во последниве години јогата добива многу популарност. Исто така и многу познати личности ја покажуваат својата симпатија за оваа дисциплина.

Пивската јога е наменета за љубителите на пиво, поточно за љубителите на јога кои сакаат да пијат пиво и сега тоа може да го прават додека вежбаат, но секако и за оние кои не љубат да пијат пиво, а сакаат само да практикуваат јога.

Според еден од творците на оваа јога, овој нов модел е совршен за телото, умот и душата.

Пивската јога е за подобрување на здравјето, виталноста, концентрацијата и за постигнување на внатрешен мир и задоволство.

Пивската јога е наменета и за оние кои не пијат пиво, затоа што со овој начин на вежбање се зголемува најмногу концентрацијата и балансот на телото.

Моментално часовите се одржуваат два пати неделно, во понеделник и во среда, од 18 до 19 часот во Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar. Дополнителни информации може да побарате на [email protected].