Јадењето лук и кромид може да помогне во спречувањето на колоректалниот карцином

Дали алиумите би можеле да бидат клучни за спречување на одредени видови на рак? Оваа студија вели да.

0
1101

Лукот и кромидот се најдобри пријатели на здравото готвење, бидејќи тие му даваат вкус на било кое јадење без додавање на екстра сол или маснотии, но може да има уште поголема причина за да ги сакаме.

Претходните истражувања покажаа дека црвениот кромид има соединенија кои ги уништуваат клетките на ракот кои можат да помогнат да се спречат различни форми на болеста, но научниците сакале да видат дали сите алиуми можат да помогнат во спречувањето на колоректалниот карцином.

Колоректалниот рак е трет најчест рак кај мажите и жените во СAД, а исто така е и третиот најсмртоносен, според Американското здружение за рак. Истражувачите веќе се свесни за одредени ризици поврзани со храната кои можат да придонесат за болеста – како што се јадењето црвено месо, пушењето и претераното пиење – но сакаат да видат дали има било каква храна (особено алиумски зеленчук) што може да помогне тој да се превенира.

Истражувачите од Првата болница на Медицинскиот универзитет во Кина проследија 833 возрасни со колоректален карцином и 833 контролни учесници без оваа болест, кои беа на иста возраст и живееја во истата област, во период од нешто повеќе од две години. Тие неодамна ги објавија своите резултати во азиско-пацифичкиот весник за клиничка онкологија, и најмалку што може да се каже, беа прилично шокирани.

Студијата покажа дека возрасните кои консумираат поголеми количини на алиумски зеленчук – конкретно кромид, млад кромид, лук, перки од лук и праз – имале 79 отсто помалку шанси да развијат колоректален карцином од оние кои го консумирале овој зеленчук во најмали количини. Интересно е што овие наоди биле конзистентни и кај мажите и кај жените.

Останува прашањето, колку многу кромид треба да јадете за да ги искористите придобивките? Авторите на студијата велат дека јадењето на 16,02 килограми свежи алиуми годишно (тоа се околу 40 г на ден, ако се обидувате да пресметате), може да го намали ризикот за колоректален карцином. Но, тие исто така забележуваат дека е важен и методот на готвење, бидејќи би можел „да влијае врз биоактивноста на зеленчукот“.

Студијата вели дека „сечењето и дробењето свеж лук се важни за формирање на разни разни органосулфурни соединенија растворливи во вода, додека варењето на кромидот доведува до губење на корисните супстанции за околу 30%. Во превод: ако е можно, јадете ги сирови или обидете се да не ги обработувате термички долго. Одлична варијанта е нашата омилена комбинација на црвен кромид со домати и, евентуално, свежи краставици.

Фото: NjoyHarmony on Pixabay