Кои витамини и суплементи ги земаат лекарите

Витаминот Д3 е она што е најчесто на „менито“ на лекарите во облик на суплемент, а зошто е тоа така и зошто овој витамин е толку важен како превентива од болестите, ќе ви објасниме во посебен текст.

0
1218

Некои луѓе пијат полна рака витамини и суплементи секој ден, додека пак други го сметаат ова за фрлање пари. Што земаат лекарите и медицинските стручњаци?

Пиење витамини се препорачува во текот на зимата, фолна киселина за време на раната бременост, а витамините А, Ц и Д им се препорачуваат на деца на возраст од шест месеци до пет години. Сепак, стручњаците велат дека луѓето би требало да ја прилагодат исхраната, такашто на тој начин ќе ги внесуваат сите нутриенти и витамини.

Од друга страна, и некои лекари и здравствени работници земаат суплементи и витамини. Еве ги ставовите на неколкумина од нив, за тоа зошто пијат и кои витамини и суплементи ги пијат, или пак зошто не ги пијат.

Д-р Миријам Стопард, лекар по општа пракса

Таа вели дека никогаш не земала никакви витамини и суплементи, освен ако за тоа не постоеле медицински причини. Додава дека сака да биде сигурна дека е нешто ефикасно пред да почне да го консумира, а „бидејќи нема докази дека се суплементите ефикасни“, не ги зема.

Една од главните причини зошто не ги земам е тоа што телото не е направено да ги апсорбира нутриентите внесени во форма на таблети или капсули. Тие само поминуваат низ цревата и се исфрлаат“.

Витамините и минералите се дел од стотина микронутриенти кои се наоѓаат во храната, за телото да ги искористи.

Затоа повеќе сакам храната да ја користам како „суплементи“, вклучувајќи ги: бразислките ореви за селен, брокули за калциум, лиснат зеленчук за железо и фолна киселина, масна риба за омега-3 масни киселини, авокадо за омега-6, јајца за витамини Б, банани за калиум, морски плодови за цинк и за јод, жолто и портокалово овошје за бетакаротен, домати за ликопен, печурки за хром…“.

Фармацевт Шабир Даја

Мислам дека мултивитаминот е мојата полиса за осигурување против можните недостатоци на витамини и минерали, наспроти тоа што јадам разновидна здрава храна“, вели тој.

Рибиното масло содржи омега-3 масни киселини кои го јакнат имунитетниот систем, кардиоваскуларното здравје, а добри се и за зглобовите и за видот, освен што намалуваат воспаление. Заради тоа овој фармацевт зема и капсули со рибино масло, но и витамин Д3 на дневна база. Додава дека зема Д3 витамин во спреј, за да стаса преку јазикот во крвотокот, затоа што таблетите и капсулите со овој витамин не се толку ефикасни, бидејќи мораат да ја преживеат киселата средина во стомакот.

Фармацевтот зема и пробиотици и тврди дека повеќето луѓе немаат доволно добри бактерии во цревата и во стомакот, заради лошата исхрана и стресот, користењето антибиотици и загадувањето.

Д-р Сохер Рокд, специјалист за хормони

Таа не зема секогаш исти суплементи, а вели дека моментално зема Д3 витамин во спреј.

Истакнува дека витаминот К е важен за кардиоваскуларното здравје и здравјето на коските, како и дека е одличен тандем со витаминот Д3.

Според моето мислење, тоа е многу потценет витамин, а неодамнешните тестови покажаа дека го нема доволно во моето тело“, вели таа.

Д-р Рокд истакнува дека зема и куркумин во таблети – инаку, состојката на куркумата која има антивоспалителни својства, е исто така и силен антиоксидант.

Заради здравјето на цревата и стомакот, вели, зема и пробиотици и пие кефир секое утро.

Д-р Розмари Лионард, лекар по општа пракса

Единствен суплемент кој секојдневно го земам е витаминот Д. Инаку се трудам да се хранам здраво и разновидно, да јадам доста овошје и зеленчук, што е секако најдобар начин да ги внесам потребните нутриенти. Јадам масна риба и црвено месо најмалку еднаш неделно“, вели таа.

Професор Ангус Даглеиш, водечки специјалист за канцер и директор на британскиот институт за вакцини против канцер и имунотерапија.

Професорот вели дека три децении секојдневно превентивно земал аспирин, за да се одбрани од воспаленија.

Воспалението може да продонесе за развој на канцерогени тумори и да се раѓири по телото. Одамна е познато дека секојдневното земање аспирин го намалува за 50 отсто ризикот полипите да се претврорат во канцер“, објаснува овој стручњак.

Додава дека сега зема 500 мг бромелаин, ензим кој се наоѓа во ананасот, а кој има антивоспалителни својства и е одлична алтернатива за аспиринот.

Моментално, вели, зема и витамин Д3, додавајќи дека другите варијанти на витамин Д се неефикасни, односно телото не ги апсорбира добро.

Фото: Pixabey

Текстот е преземен од ТУКА.