Што јадеа ѕвездите годинава, по доделувањето на Оскарите?

По стресот на црвениот тепих и неколку часови седење на свеченото доделување на Оскар, ѕвездите веројатно размислуваат само за тоа што ќе јадат. Веќе 25 години желбите им ги исполнува шеф Волфганг Пук.

0
407

Governors Ball е забава која почнува веднаш по гаснењето на камерите во Долби театарот. Ѕвездите се качуваат на последниот спрат, во Ray Dolby Ballroom, и уживаат во повеќе од стотина различни слатки и солени залчиња. Гозбата за 1500 гости веќе 25 години ја приготвува шеф Волфганг Пук.

По годинешното доделување на Оскарите, ѕвездите ги чекале тацни со 60 солени јадења, вклучувајќи чаден лосос, кавијар, тартуфи, препелици, но и red velvet вафли и суши по нарачка. Тимот задолжен за десерти помеѓу другото, послужил и мача макаронси, чоколадни лижалки во облик на Оскар со злато, коцки со кокос и манго и бројни видови домашен сладолед.

Според зборовите на Волфганг Пук, заради годинешниот Governors Ball ангажирал дури 300 шефови кои готвеле во две големи импровизирани кујни.

Уште 600-тини луѓе помагале во организацијатаи сервирањето, за да можат номинираните и презентерите да добијат услуга која нема да се разликува од онаа во врвните ресторани.

Фото: Инстаграм