Состојки:
200 г мелени бадеми
50 г мелен рогач
1/2 лажичка сода бикарбона
250 г пире од печена тиква
3 јајца
50 г растопен путер
2 лажици мед
1 лажица мармалад од портокал или кора од 1 портокал
1/2 лажичка цимет
1/3 лажичка мелен кардамом
1/3 лажичка мелен ѓумбир
100 г суво грозје
За премачкување:
100 г пропржени бадеми
100 г мармалад од портокал
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Помешајте ги сите суви состојки. Течните состојки измешајте ги одделно па соединете ги со сувите. Не мешајте премногу и ставете ја смесата во еден поголем калап ии печете 25-30 минути.
Додека се пече, испржете ги бадемите и исечкајте ги на помали парченца. Печениот колач премачкајте го со мармалад од портокал и поросете го со бадемите.