Состојки:
2 лажици сенф со мед
1 лажица маслиново масло
1 лажичка сок од лимон
¼ лажичка сол
½ лажичка свежо мелен црн пипер
2 зрели круши
Околу 60 г крем сирење
4 лажички сечкани и потпечени ф’стаци
Приготвување:
- Загрејте ја рерната и подгответе ја тепсијата за печење такашто ќе ја подмачкате со путер или ќе ставите хартија за печење.
- Измешајте ги сенфот, маслото, сокот од лимон, солта и пиперот во еден сад.
- Поделете ги крушите на половини и исечете го заоблениот дел за да можат половините да лежат стабилно на подлогата.
- Премачкајте ги крушите со подготвената мешавина и ставете ги да се печат околу 30 минути, а потоа извадете ги и ставете им одозгора по едно парче Бри сирење или некој друг тип на крем-сирење и печете уште 3-5 минути, додека сирењето не се растопи.
- Попрскајте секое од парчињата со по 1 лажичка сечкани ф’стаци и послужете.