Состојки:
100 мл сок од лимон
1 лажица шеќер
1 кромид
1 лажичка сенф
1 лажица мак
1 помала главица зелена салата
100 г тврд кашкавал
1 рака јаткасти плодови
1 јаболко
1 круша
2 лажици брусници
Маслиново масло
Сол, бибер
Приготвување:
1. Во блендер ставете сок од лимон, шеќер, сенф, сол и бибер.
2. Мешајте додека сите состојки не се соединат па полека додавајте маслиново масло додека не стане млку погусто.
3. Додадете мак и добро измешајте.
4. Исчистете ја салатата и исечкајте ја на помали парчиња.
5. Додадете тврд кашкавал исечен на коцкички.
6. Исечкајте јаболко и круша и на крај додадете ги јаткастите плодови и брусниците.
7. Ставете го преливот и послужете.