Вкусовите на „Витаминка“ прошетаа низ светот

0
239

Чоко Стоби флипс, Стоби Флипс, Атлантис, Деспина и останатите производи на Витаминка, беа претставени на саемот Интерфуд, во Софија, Бугарија, каде Витаминка изложува традиционално.

Изложувањето на Интерфуд 2016 е уште едно успешно претставување на целосниот асортиман на компанијата, пред странски потрошувачи и потенцијални партнери.

Интерфуд е најголемата манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и еден од најпрестижните настани во секторот од Југоисточна Европа.

– Овој саем е еден од позначајните во нашето окружување, а со самиот факт што производите на Витаминка се присутни и во соседна Бугарија, многу беше важно, не само да бидеме присутни на саемот, туку и добро да се претставиме. Имавме одлична промоција, голем број од посетителите реагираа уште на нашето лого и ги бараа нашите производи, што говори за тоа дека добро се запознаени со целиот наш асортиман, а исто така воспоставивме и многу нови контакти и релации – изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.

Учеството на саемот Интерфуд бележи растечки тренд секоја година, така што покрај традиционалните изложувачи, со сопствените новитети, се почесто тука се и новите играчи на пазарот. Второто значење на овој саем е тоа што има зголемено меѓународно присуство и овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање нови партнери и пазари. Самиот саем организира и дополнителни активности, групни форуми, како и индивидуални состаноци и презентации.