Рижото со шунка и со костени

Искористете го периодот на костените и здружете ги со шунка во превкусно рижото

0
234

Состојки:

2 шолји

ориз

30 костени

1 црвен кромид

1 л зеленчукова супа

150 г варена шунка

власец за украсување

сол, бибер

маслиново масло

2 лажички путер

2 чешниња лук

Приготвување:

1 Загрејте ја во еден сад супата, намалете го огнот и оставете полека да врие

2 Во тенџере ставете малку маслиново масло и ситно сечкан кромид и динстајте го кратко. Додадете го ситно исечканиот лук, шунката исечена на коцки и оризот и добро измешајте.

3 Додадете од супата и варете на тивок оган. По десетина минути додадете ги костените, зачинете и по потреба долевајте уште од супата.

4 Кога е рижотото готово, ставете го путерот, поклопете и оставете го две минути.

5 Декорирајте со листови власец.