Ролат од зеленчук

0
1768

Состојки:
2 големи црвени бабури
2 големи жолти бабури
1 модар патлиџан, исечен тенко
2 тиквички, исечени тенко
90 мл маслиново масло
1 голем црвен кромид, ситно сечкан
75 гр суво грозје
15 мл пире од домати
15 мл црвен вински оцет
400 мл сок од домати
15 г желатин во прав
свежи листови босилок

Приготвување:
1. Испечете ги бабурите, па излупете ги.

2. Испечете ги модриот палтиџан и тиквичките. Намачкајте ги со масло.

3. Во тава сипете го остатокот од маслото и додадете ги кромидот, сувото грозје, пирето од домати и црвениот вински оцет. Пржете на тивко додека омекне, потоа тргнете го на страна да се излади.

4. Во мал сад стевет го сокот од домати и желатинот. Варете на тивок оган додека желатинот се раствори.

5. Во тенко и долго тавче ставете по еден ред од црвените бабури, па модар патлиџан, тиквичка, жолта бабура и завршете со црвена бабура. Во средина сипете ја смесата со кромидот и сувото грозје. Помеѓу редовите ставајте по малку од смесата со желатин и оставете да има за да посипете и врз најгорниот слој. Ставете во фрижидер да се излади. Украсете со босилок.

Рецепт на Букурија Трпчевска