Пиј кафе како лек, секое утро, секој ден

Кафето му помага на црниот дроб да се опорави, го чисти од токсини и го регенерира, а според ајурведата, најдобар начин да подготвите кафе за чистење на црниот дроб е, се разбира, ајурведскиот.

0
199

Оваа порака ќе ги воодушеви сите што го сакаат ритуалот на пиење кафе. А ретко кој не го сака. Кафето отсекогаш било симбол за уживање, задоволство или причина за дружење.
Ако сте љубители на кафе, не се воздржувајте да уживте во својот омилен пијалак, но имајте на ум дека ќе ги искористите бенефитите на кафето само ако го подготвувате на вистински начин.

Кафето му помага на црниот дроб да се опорави, го чисти од токсини и го регенерира, а според ајурведата, најдобар начин да подготвите кафе за чистење на црниот дроб е, се разбира, ајурведскиот.
Наутро сварете свежо мелено кафе без шеќер, додадете Ги масло (на врвот на лажичката) и додадете 1/8 лажичка мелен кардамом.
Најдобро е да појадувате 1 час пред испиената шолја ајурведско кафе.

Ајурведското кафе со Ги масло и кардамом помага во намалување на холестеролот во крвта и спречува болести на кардиоваскуларниот систем.

Сепак, бидете умерени и не претерувајте со количините на кафе.

Фото: Unsplash