Знаете ли што е Ги путер и како да го направите?

Ако во последно време во многу здрави рецепти почнавте да ја среќавате состојката Ги путер, можеби се прашувате каде да го најдете, што е всушност тоа и дали можете да го направите сами

0
238
Фото: Freepik

Ги путер е всушност прочистен путер кој се добива кога го варите путерот на ниска температура при што водата испарува, а тврдите млечни состојки се издвојуваат и се собираат со лажица. На таков начин се добива вкусно и мирисно масло без било какви додатоци. Ги путерот не мора да се држи во фрижидер, затоа што ако правилно се направи, нема да се расипе.

Ги е чиста и лековита намирница која содржи заситени и незаситени масни киселини. Без оглед на заситените масни киселини, Ги го намалува нивото на штетниот холестерол во крвта. Не содржи казеин и лактоза, поради што е погоден за оние кои се алергични на млеко. Не содржи сол, шеќер, арома или конзерванси.

Ги путерот игра многу важна улога во ајурведската кујна, го збогатува вкусот на храната, отпорен е на топлина и е прикладен за пржење. Ајурведските лекари го препорачуваат за цела низа болести.

Ја подобрува меморијата, ја регулира столицата, ги штити зглобовите, го подобрува видот, го јакне имунитетот, ја зајакнува виталноста, го успорува процесот на стареење, го забрзува зараснувањето на повредите, ги чисти крвните садови, го намалува нивото на штетниот холестерол.

Како да направите Ги путер?

Потребен ви е сад со дебело дно и 1-2 кг. несолен путер.

Ставете го путерот во садот и загревајте го на ниска температура, се додека не се истопи. Потоа можете да ја зголемите температурата. Кога путерот ќе зоврие, повторно намалете ја на минимум и оставете го путерот да се вари на ниска температура. Одвреме навреме, со лажица отстранете ја белата пена која се појавува на површината. После 40-50 минути путерот ќе стане проѕирен и ќе се почувствува фин мирис. Оставете го путерот малку да се излади. Процедете го низ газа во стаклена тегла. Кога потполно ќе се излади затворете ја теглата. Кога ќе се излади потполно, Ги би требало да има убава жолта боја. Може да се чува на собна температура. Рокот е неограничен.

Фото: Freepik