Која храна е добра, а која лоша за чир на желудник?

Чирот на желудник е една од причините за надуеност, а консумирањето на црно кафе, алкохолни пијалоци и антибиотици може да ја влошат непријатноста, додека пак маслиновото масло и ферментираните млечни производи ја намалуваат надуеноста

0
453

Покрај соодветната терапија со лекови, исхраната исто така игра важна улога во контролирањето на симптомите. Познати се неколку фактори на ризик за појава или влошување на горните гастроинтестинални проблеми, а тоа се: пушење,
прекумерна консумација на алкохолни пијалоци, прекумерна консумација на црно кафе (повеќе од 6 шолји на ден), несоодветна исхрана (храна со многу маснотии, зачинета храна, гладување и нередовна исхрана), прекумерна тежина, изложеност на акутен и хроничен стрес, анксиозност, депресија и психолошки проблеми, употреба на одредени лекови (нестероидни антиревматски лекови, антибиотици, естрогени),
присуство на некои други болести (дијабетес, болести на тироидната жлезда и бубрезите, нарушена функција на срцето, пулмонална туберкулоза, малигни заболувања), инфекција со хеликобактер пилори (тогаш најчесто не станува збор за функционална диспепсија, туку во основата на проблемот се чиревите, гастритисот или карциномот).

Повеќе помали оброци

Во третманот на диспепсија и чир, многу е важно да се променат штетните навики на живеење и исхрана и да се контролираат и лекуваат останатите можни болести. Се препорачува да престанете со пушењето, со пиењето црно кафе и алкохол во поголеми количини, да го намалите вишокот тежина и дневниот внес на храна со нагласок на консумирање на храна со малку маснотии и не премногу зачинета храна и распределбата на дневниот внес во неколку помали оброци.

Ферментирани млечни производи

Се препорачува да се користи маслиново масло како извор на маснотии и редовно консумирање на ферментирани млечни производи (јогурт, кефир). Прекумерната потрошувачка на шеќер е фактор на ризик за појава на улкусна болест. Шеќерот предизвикува зголемено лачење на желудочна киселина што може да предизвика симптоми на болеста. Зголемениот внес на сол е поврзан и со зголемен ризик од пептичен улкус. Пијалаци со кофеин (кафе, чај, кола), па дури и кафе без кофеин можат да го стимулираат лачењето на киселина во желудникот, иако во умерени количини може да се консумираат, но најдобро после јадење.

Треба да се избегнува следнова храна: пржена и мрсна храна, чоколадо, пеперминт, лук, кромид и пушење. Исто така, некои намирници можат да го иритираат или оштетат хранопроводот и треба да се избегнуваат. Тоа се: сокови од цитруси и цитруси, производи од домати, црвени пиперки, чили и црн пипер.

Фото: Pexels