Најубавото песто мејд ин Дихово

Освен див лук, босилек или некој друг лиснат зеленчук што ќе го земете како основа, во пестото се ставаат и пармезан, пињоли, лукче и маслиново масло.

0
303

Песто е еден од најпознатите италијански сосови. Иако првото нешто што ни паѓа на ум кога зборуваме за песто е класичното песто од босилек, или песто џеновезе, постојат многу варијации на оригиналниот рецепт, а името повеќе се однесува на методот на приготвување отколку на самата главна состојка.

Името „песто“ потекнува од зборот „пестаре“ што значи „гмечење“, и некогаш се користел аван и толчник, а денес често користиме блендер, што, сепак, во голема мера влијае на вкусот и конзистентноста на сосот.

За да подготвите песто освен босилек, можете да користите див лук, спанаќ, суви домати, и уште многу други варијанти. Доволно е да ги додадете сите состојки во блендер и да мешате додека не добиете мазна конзистентност, но треба да останат и мали парченца лисја, па затоа не претерувајте со мешањето.

Додадете маслиново масло по желба. Сосот од див лук има многу јак вкус, па најдобро е да го помешате со додавање на лисја од босилек во сооднос 1: 1.

Освен див лук, босилек или некој друг лиснат зеленчук што ќе го земете како основа, се додаваат и пармезан, пињоли, лукче и маслиново масло. Наместо пињоли можете да ставите индиски оревчиња или некои други јаткасти плодови. Но доволно е и да го направите само со основните состојки. Совршен додаток е во тестенини, рижото, на брускети, за сендвичи, салати, пица и лазањи.

Интересен рецепт кој мора да го пробате е шери доматчиња полнети со песто.

Во Вила Дихово прават одлично песто, со последните резерви од див лук.