Здрави бомбици од само три состојки кои ги регулираат маснотиите во крвта

Овој рецепт има долга традиција, односно, стар е повеќе од 6 илјади години и само докажува колку се денешните слатки нездрави и полни со бел шеќер и со хемиски супстанции.

0
829

Ова е наједноставниот рецепт за десерт во облик на бомбици кој е стар повеќе од 6 илјади години и има само 3 состојки, поточно, 2 основни и 1 во која потоа овие бомбици се валкаат.

Овие бомбици се познати и како грчки појадок, потекнуваат токму од подрачјето на Грција, Египет и Блискиот исток.

Познати се под називот пастели, а за нив ви се потребни само:

300 грама мед и 300 грама паста (таан) со сусамово семе.

Таанот може да се купи во продавница, а можете да го направите и сами такашто ќе ги изблендирате лесно пропржените исчистени семки од сусам со малку масло од сусам (на шолја семе ставете две лажички масло). Блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Приготвување:

Добро измешајте ги медот и таанот, направете од нив бомбици и извалкајте ги во сусам, па оставете ги во фрижидер да се стегнат.

Предностите на овие бомбици се бројни:

Преполни се со витамини и минерали

Содржат антиоксиданси

Ги регулираат маснотиите во крвта

Даваат енергија за тешки физички работи

Го намалуваат чувството на депресија

Го поправаат расположението

Го снижуваат нивото на стрес.

Фотографијата е од ТУКА.