Состојки:
1 кг моркови
1 кромид
3 чешниња лук
1 см корен од ѓумбир
½ лажичка лута толчена пиперка
1/2 лажичка мајчина душичка
800 мл вода
3 лажици маслиново масло
сол и црн пипер
Приготвување:
- Излупете ги морковите и исечкајте ги на мали парченца, кромидот излупете го и поделете го на четвртинки, лукот оставете го во лушпата. Заедно ставете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со 3 лажици маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 45 минути, од време на време промешувајќи.
- Извадете ги од рерна и оставете зеленчукот малку да се олади. Потоа, ставете го во блендер, лукот претходно излупете го, и блендирајте постепено додавајќи ја водата додека не ја добиете посакуваната густина.
- Претурете ја чорбата во лонец, додадете го изренданиот ѓумбир, лутата пиперка и мајчината душичка, па посолете и наросете малку црн пипер. Ставете го лонецот малку на рингла додека чорбата не почне да врие.
- Послужете со препечен леб и павлака.