Крамбл со вишни и чоколадо

0
313

Состојки:

100 г путер

300-400 г смрзнати (или свежи) вишни

70 г црно чоколадо

Малку кафеав шеќер (во зависност од тоа колку се кисели вишните)

100 г ржано брашно (или интегрално)

150 г обични мусли

Приготвување:

  1. На дното од округла тава за печење се ставаат вишните а одозгора се расфрлаат раскршени парчиња од чоколадото.
  2. Во еден сад се ставаат брашното, шеќерот, ладниот путер исечен на коцки и муслите и се меша со рака за да се добие зрнесто тесто кое се распоредува врз вишните и чоколадото.
  3. Се пече во загреана рерна околу 25 минути.
  4. Се сече и се служи топло.