Запечен прокељ со мед и со сенф

0
581

Состојки:

1 кг прокељ

1/4 шолја маслиново масло

1 лажичка сол

¼ лажичка свежо мелен бибер

2 лажици јаболков оцет

2 лажици мед

2 лажици сенф

2 лажички соја сос

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени
  2. Ставете го главичките прокељ кои претходно сте ги измиле и сте ги пресекле на половини врз хартија за печење, полејте ги со маслиново масло, зачинете ги, измешајте ги и ставете ги да се печат околу 15 минути. Повремено промешајте ги.
  3. Во меѓувреме направете го преливот: помешајте ги јаболковиот оцет, медот, сенфот и соја сосот.
  4. Извадете го прокељот од рерна и прелијте го со сосот, Измешајте и вратете ги во рерна уште 2-3 минути.
  5. Послужете ги топли.