Миризлив леб од батат

0
255

 

Состојки:

100 г путер на собна температура

100 г шеќер

2 јајца

1 шолја пире од батат

2 лажици мед

1 лажичка ванилин шеќер

3 лажици млеко

2 шолји брашно

1 прашак за пециво

100 г мелени ореви

Малку сол

Малку цимет

Приготвување:

  1. Во еден сад помешајте путер, шеќер и ванилин шеќер додека не добиете компактна смеса
  2. Додавајте во смесата едно по едно јајце па на крајот и пирето од батат и млекото.
  3. Кога ќе измешате убаво додадете ги брашното и прашокот за пециво, циметот и солта, а на крајот и оревите
  4. Помешајте и ставете се во калап за печење. Печете околу еден час на 180 степени