Зачините и нивните магични својства

0
498

Нема причина да ги избегнувате зачините, напротив, треба да бидете храбри и да експериментирате. Имајте предвид дека најдобри резултати даваат свежите зачински билки затоа што немаат толку интензивен вкус кој може целосно да го засени јадењето. Еве кои зачини треба да ги имате во кујната и редовно да ги користите во секојдневните рецепти, и поради вкусот, но и поради здравјето.

Лук

Сите го знаеме „магичното“ дејство на лукот врз нашето здравје. Со илјадници години наназад, сировиот лук се користл за сузбивање на внатрешните и надворешните воспалителни процеси. Обој „магичен лек“ има антимикробно дејство и воедно го поттикнува имунитетот. Кога ќе се обработи термички  лукот го губи своето антибитско дејство, но има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем.

Камилица

Првиот проблем со кој се соочуваат бебињата се стомачните грчеви (колики), а токму камилицата е нивниот прв лек. Покрај дигестивните проблеми, камилицата е добра и за ублажување на воспалителните процеси, но и психичката вознемиреност и несоница.

Ким

Ова е исто така залин кој бебињата го запознаваат уште во првата гдина од животот, кога се користи за смирување на стомачните тегоби. Добар е и за мајките кои дојат затоа што кимот го поттикнува производството на млеко. Кај жените, генерално, го одржува нивото на естроген. Кимот може да се корсти за приготвување на  чај или јадење. Сиров или кандиран ким во Индија се служи после оброкот заради подобрување на варењето и освежувањена здивот.

Магдонос

Ова е еден од најпознатите и најкористени билни зачини. Магдоносот е вистинска бомба полна со хранливи материи.

Богат е со витамини А и Ц, магнезиум, фолати и железо. Нивната комбинација влијае на доброто варење.

За да се искористи железото од магдоносот потребно е да се додаде и малку сок од лимон. Во кујните на Блискиот исток, едно од најпознатите јадења е табуле, салата во која главна состојка се токму магдоносот и сокот од лимон.

Магдоносот го отстранува и лошиот здив, а воедно ги подобрува и менталните функции, концентрацијата и релаксацијата.

Ѓумбир

Овој зачин многу се почитува во кинеската и индиската медицина. Неретко дигестивните проблеми се како со рака однесени по земањето на ѓумбирот. Многу е застапен во источните култури. Еден од начините на користење е да се исече на коцки и да се прелие со мед, да се чува во затворена тегла и да се зема по потреба. Кога правите некоја чорба, изрендате малку свеж ѓумбир или додадете рамна лажичка ѓумбир во прав.

Покрај овие зачини, постојат и други кои го поттикнуваат доброто варење, но имаат и позитивно влијание на менталните функции:

Рузмарин– ја подобрува концентрацијата, а заради големата количина калциум и витамин Б6 има и смирувачко дејство.

Мента-исто така ја подобрува концентрацијата и го намалува стресот.

Босилек – има антимикробно дејство а со стотици години се смета и за афродизијак.

Целер-ја подобрува виталноста, го детоксицира црниор дроб и го намалува нивото на стрес.

Оригано-богат е со витамин Б6, а со тоа ја ублажува анксиозноста. Богат е и со хлорофил и магнезиум кои се со слично дејство.

Мајчина душица-благотворно делува на менталните функции.

Куркума-позитивно делува на целиот организам, а нејсините ефекти се засилуваат сододавање на црн пипер.

Воведете ги зачините во приготвувањето на храната и така зголемете ја искористливоста на хранливите материи и обезбедете побогат и подобар вкус.

Совети плус:

Јаткастото овошје и зачините одат рака под рака – попрскајте го јаткастото овошје со маслиново масло и со омилениот зачин (на пример, со цимет) и потпечете го во рерната.

Облагородете ги маслото и оцетот кои ги користите во салатите такашто ќе им додадете разни видови зачини.

Додека го варите оризот во вода, додадете главица кромид во кој ќе боцнете различни зачини.

Фото: Pixabey