Зачини за перење

Еве неколку совети како со помош на ефтини состојки кои секако секогаш ги имате во својата кујна, ќе имате и повкусен оброк, ама и почиста облека

0
360

Со помош на црн пипер, сол, лимон или оцет вашата стара облека ќе го врати стариот сјај и ќе изгледа како тукушто да сте ја купиле.

Црн пипер

Додадете лажичка мелен црн пипер во машината за перење но директно во машината, а не во делот за прашок и вклучете ладно перење. Црниот пипер делува како шмиргла и ги отстранува трагите од сапуница од облеката.

Сол

Ако ставите неколку лажички сол во машината за перење, ќе го имате истиот ефект. Ова ќе спречи сапуницата да се залепи на влакната од облеката оа таа ќе може да заблеска во полн сјај.

Оцет

Тој е идеално средство за отстранување на остатоците од сапунот. Истовремено делува и како природен омекнувач. Кога следниот пат ќе ги перете алиштата, додадете шолја оцет, и не с егрижете, мирисот ќе исчезне кога облеката ќе се исуши.

Лимон

Како алтернатива, можете да додадете и сок од лимон. Овој моќен сок ќе ја врати во живот дури и онаа облека која е најизбледена.

Фото: Pixabey