За еден оброк во Јужен Судан мора да работите ден ипол, во Њујорк само пола час

0
442

Студијата на компанијата Мастеркард и на Светската програма за храна на Обединетите Нации укажува на драстичниот проблем со цената на храната со оглед на куповната моќ на населението.

Износот кој е потребно да се одвои за оброк во најсиромашните држави во светот – со огед на потрошачката моќ на населението – досега еквивалент од стотина американски долари, покажале резултатите на новата студија на Светската програма за храна (World Food Programme; WFP) и Мастеркард. Така, населението во земјите во развој за еден осовен оброк треба да го издвојат целокупниот износ од дневниот приход, дури и повеќе во случај на граѓански судири или економски колапс.

Замислете да треба да работите ден ипол за една рака грав

Во споредба со развиените, богати земји, разликите се драстични. Како основа за оваа студија „Counting the Beans: the True Cost of Food around the World“ послужила сојузната држава Њујорк. Таму за приготвување на едноставен оброк, како што е варио од грав, треба да се издвојат 1,20 американски долари што претставува 0,6 отсто од просечната дневна заработувачка. Истовремено, во Јужен Судан, најлошо рангираната земја во студијата, оброкот чини 268 пати повеќе – односно за него е потребно со оглед на куповната моќ треба да се издвои износ кој е еквивалентен на 321,70 долари.

Студијата воедно содржи и податоци за процентот од просечниот дневен приход кој е потребно да се одвои за купување на едноставен оброк.

Заклучоците на студијата ја зајакнале преданоста на компанијата Мастеркард за постигнување на целта за обезбедување на 100 милиони оброци во дел од светот на оние на кои им е тоа потребно.

За храна, најголем процент од приходите треба да се одвојат во следните земји:

Јужен Судан, кадешто жителите треба да одвојат 155 отсто од дненуот приход за еден оброк. Потоа, Нигерија, кадешто треба да одвојат 121 отсто од дневниот приход за еден оброк, Деир ез-Зор, Сирија, кадешто треба да се одвојат 115 отсто од дневниот приход за еден оброк, чија цена е еквиланет на цена од 190,11 долари за оброк во Њујорк. Следуваат Малави и Конго кадешто треба да се одвојат 45, односно, 40 отсто од дневниот приход за еден оброк, што е еквивалент на цена од 94,43, односно. 82,10 долари а оброк во Њујорк.

„Без храна не можеме да живееме, да учиме ниту да растеме“, рекла Ен Каирнс, претседателка за меѓународни пазари во компанијата Мастеркард.

Друга студија на Светската програма за храна на која работеле и аналитичари од Мастеркард, утврдила директна поврзаност помеѓу хранливите училишни оброи и академиското достигнување и продуктивноста во подоцнежниот живвот. Децата вклучени во десетгодишната програма за обезбедување на училишни оброци во Шри Ланка како возрасни работноспособни заработувале 5 отсто повеќе од од оние кои не биле вклучени во проектот. Анализата на трошоците и користа покажала дека секој американски долар вложен во училишни оброци носи економски поврат од 3 до 10 долари. Истовремено, секој ден 815 милиони луѓе се гладни.

Според податоците, во Македонија 445.000 граѓани можат да обезбедат само еден оброк на ден. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно. Денеска, на Светскиот ден за борба против сиромаштијата на пет локации во Скопје започна најмасовната акција за донирање храна во Македонија – „Нахрани 1.000“ во склоп на „Мрдни со прст“, а по повод одбележување на Светскиот ден за борба против сиромаштијата, 17 Октомври.

Граѓанската иницијатива „Мрдни со Прст“, Црвен крст на Град Скопје, организацијата „Ајде Македонија“, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност“, Сојуз на извидници на РМ и организацијата АДРА во периодот од 10 до 19 часот отворија 5 штанда за донирање храна во главниот град.

Штандовите кадешто ќе може да се донира храна за бездомниците и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна во моментов се поставени на плоштад „Македонија“, пред „Скопје сити мол“ кај „Плеј кафе“, во Аеродром пред „Веро“, пред Дом на градежници и во Ѓорче Петров пред „Тинекс“.

Целта на акцијата „Нахрани 1.000“ е поттикнување на солидарноста, како и подигање на општествената свест за донирање храна на оние на кои таа им е најпотребна.

На списокот на потребни производи што може да се донираат на пунктовите се наоѓаат нерасипливи продукти како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Како поддршка на 5-те штанда е комбето на „Мрдни со прст“ кое денес во текот на целиот ден ќе ги посетува компаниите во Скопје каде што вработените ќе можат да донираат храна.