Три намирници кои никогаш не треба да ги миете и пет кои морате

0
4503

Овие три намирници не треба никогаш да се мијат:

1. Јајца

Лушпата од јајца често содржжи посебен премаз за да се заштити јајцето од бактерии. Водата ја уништува таа заштита па јајцата не е добро, ниту пак има потреба да се мијат.

2. Тестенини

Врвните готвачи велат дека миењето на тестенините би требало да биде противзаконито затоа што на тој начин се елиминира скробот кој е подоцна потребен за да се спојат сосот и тестенините. Варените тестенини можат да се стават под вода единствено ако се предвидени за салати или за вок.

3. Печурки
Печурките ја апсорбираат водата и затоа не е добра идеја да се мијат под вода, или уште полошо, да се ставаат да стојат во вода затоа што ќе ја изгубат еластичноста и ќе бидат поподложни на расипување. Ако се баш многу валкани, набрзина поминете ги под вода и брзо избришете ги со хартиени салфети. Ианку, зземјата од печурките се отстранува со четкичка.

Овие пет намирници треба секогаш да се мијат:

1. Овошје и зеленчук со јадлива кора

Ако изгледаат чисти и блескави, не значи дека не треба добро да ги измиете со ладна вода. По миењето избришете ги со хартиени салфети.

2. Но, и овошјето и зеленлукот со кора што се лупи

Иако ги лупите, додека ги држите во рака, бактериите доаѓаат на вашата коа и преоѓаат на излупениот дел што го јадете. Затоа пред лупење добро измијте го, на пример, банани мандарини, дињи…

3. Лименки

Иако звучи чудно, стручњаците препорачуваат миење на лименките пред да ги отворите и да ја истресете храната од нив. Велат дека на лименките може да има многу бактерии кои по отварањето може да дојдат на храната што ја јадеме.

4. Јаткасти плодови

Треба да се мијат и кога се исчистени од лушпата затоа што не може да знаете каде се биле во текот на производството и транспортот. Освен тоа, миењето помага да се отстрани и фитинската киселина која ги одржува свежи и ги штити од паразити, а може да му штети на човековиот организам.

5. Суво овошје

Овој вид на овошје се смета за едно од највалканите, особено ако не е пакувано туку се продава на мерење. Сушеното овошје треба добро да се измие под млаз вода или дури и да се потопи под вода на неколку часа.

Овие намирници можете да ги миете, но и не морате:

1. Пилешко

Бактериите на свежото пилешко месо можат да бидат опасни за здравјето, а најчеста е салмонелата. Затоа многу луѓе го мијат под вода. Но други не го прават тоа никогаш заради теоријата дека со миењето се ризикува размноување на бактериите и нивно раширување на рацете, садоперот, кујнската плоча… Стручњаците не можат да се согласат која од теориите е сосема точна, па едни советуваат да се мие, додека пак други велат дека миењето можже да им штети. Затоа, одлучете сами.

2. Останатото месо

Како и кај пилешкото, и кај другите видови на месо, едни стручњаци велатр дека треба а други дека не треба да се мие. Ако сте во дилема. А сакате да го отстраните вишокот на крв од месото, наместо да го измиете со вода, пребришете го со хартиени салфети, а потоа убаво измијте ги рацете со сапун и со врела вода.