Од црвливо сирење, до старо месо од ајкула, пенис од бик, вино од глувци, супа од лилјаци,…овој месец во Малме, Шведска беше отворен нов музеј во кој се сместени најодвратните јадења од светот.
Се вика едноставно „Музеј на одвратна храна“.
Но, поставката нема намера да ги натера посетителите само да се згрозуваат од изложената храна или пак да се ублажат реакциите на егзотичните вкусови на храна на културите низ целиот свет.
Како што истакнуваат музејските куратори, одвратноста е еволутивен и биолошки одговор кој им помага на луѓето да избегнуваат болести и храна што се расипува.
Но, исто како што ѓубрето на еден човек е богатство на другиот човек, она што е вкусно за некои може да се смета за одвратно од другите.
Прашањето што го поставуваат кураторите е:
„Може ли да ги промената на нашите идеи за тоа што е одвратно, да ни помогне да ја прифатиме еколошки одржливата храна на иднината?“