Високопротеински појадок од спанаќ и сирење

Конзумирањето на голем и здрав појадок, како што е овој кој содржи 700 калории, може да помогне да се намали вашето ниво на грелин, хормон кој сигнализира глад, а со тоа и да се намали желбата за грицкање во текот на денот.

0
409

Истражувањата покажале дека доколку најголемиот дел од дневните калории ги внесете наутро, тоа може да ви помогне да го намалите бројот на килограми. Сепак, доколку сакате полесен појадок, поделете ја оваа порција со некого.

Состојки:

1 мал црвен компир

1 парче сланина

1 лажица маслиново масло

3 чаши спанаќ

Сол по вкус

2 големи јајца

⅔ чаша рендан кашкавал

свежо мелен црн пипер

Приготвување:

  1. Избоцкајте го компирот на неколку места со вилушка и ставете го во микробранова на 4 минути, оставете го да се лади 5 минути па исечете го на коцки. Доколку не користите микробранова, исечкајте го на коцки и сварете го. Вака излупен и исечен на коцки ќе биде готов многу брзо.
  2. Во меѓувреме, испржете ја сланината на средна температура додека не стане крцкава. Извадете ја од тавата, но оставете ја маснотијата што ја испуштила и додадете ги во неа компирите и маслиновото масло и оставете ги да се пржат 5 минути често промешувајќи.
  3. Додадете го спанаќот, зачинете со сол и мешајте околу 1 минута.
  4. Направете две вдлабнатини и во секоја искршете по едно јајце. Поклопете и оставете 2-3 минути. Поросете со рендан кашкавал и почекајте кашкавалот да се стопи.
  5. Најгоре ставете од пржената сланина и поросете со свежо мелен црн пипер.