Штрудла со јаболка, брусници и кора од портокал

0
443

Состојки:

1,5 шолја брусници

2 јаболка

200 г кафеав шеќер

1 лажица вода

1 лажичка кора од портокал

1 рака ореви

100 г путер

500 г готови кори

Цимет според вкусот

Приготвување:

  1. Исечкајте ги јаболката.
  2. Во еден сад измешајте ги брусниците, јаболката, шеќерот, водата, кората од портокал и циметот.
  3. Варете околу 15 минути додека не добиете погуста течност.
  4. Додадете ги исечканите ореви и почекајте да се олади.
  5. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  6. Стопете го путерот и премачкајте ги корите. Полнете ги со филот и завиткајте ги. Повторувајте ја постапката со сите кори па премачкајте ги со остатокот од путерот.
  7. Печете ги 15 до 20 минути.