Состојки:
1 домат
1 шолја шампињони
2 тиквици
1 лажица маслиново масло
1 лажица оригано
2 лажици босилек
Тортилји
За преливот:
1 шолја индиски оревчиња претходно натопени во вода 4-5 часа
2 лажици сув квасец
1/2 шолја бадемово млеко
1 чешне лук
1 лажичка чили
Сол, црн пипер
2 лажици маслиново масло
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200°C. Распоредете ги исечканиот домат, шампињоните и тиквичките на тепсија за печење, прелијте ги со маслиново масло, со оригано и зачинете со сол и со црн пипер. Печете ги 10 минути, а потоа извадете ги од рерната, полека измешајте и вратете ги уште на 10 минути.
- Додека се пече зеленчукот, подгответе пикантен сос. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане компактна.
- Наредете ги тортилјите и на секоја ставете малку печен зеленчук, прелијте со сосот и поросете со ситно сечкан свеж босилек. Послужете веднаш.