Веге сирење со ф`стаци

Овој брз рецепт за сирење без млечни состојки е лесен и не може да го згрешите. Најтешкиот дел е како да се воздржите да не ги изедете ф`стаците

0
477

Во секој случај, подобро е да го направите ова сирење отколку да јадете само ф`стаци бидејќи на тој начин добрите и хранливи состојки полесно се апсорбираат. Сирењето содржи здрави масти од ф`стаците, а исто така е и полно со Б витамини.

Состојки:

1 шолја / 150 г ф`стаци
½ шолја / 40 г Нутритивен квасец (Нутритивниот квасец е еден од најбогатите извори на витамини од групата Б и минерали. Совршена веганска замена за сите млечни производи)
1 лажица јаворов сируп
1 лажица Агар-Агар во прав (желатинозна супстанца добиена од црвени алги, Ја има во продавниците за здрава храна)
2 чешниња лук
Сок од пола лимон
1 лажица јаболков оцет
1 ипол шолја/350 мл вода
2 прстофати сол

Приготвување:

Натопете ги ф`стаците во вода со прстофат сол преку ноќ (ако немате време, тогаш барем на 15 минути)
Половина од водата и останатите состојки, освен агар агар, ставете ги во блендер и мешајте додека не се добие компактна смеса.
Ставете ја преостанатата количина вода и агар агар во сад на рингла и мешајте на умерена температура околу 5 минути, но внимавајте да не се направат грутчиња од агар агар на дното од садот.
Тргнете го садот од оган и додадете ја внатре смесата со ф`стаците, па мешајте додека не се соединат состојките.
Истурете ја смесата во калап и ставете ја на два часа да се лади.
Сирењето може да се искористи во рок од 3 дена и да се чува на ладно.