Дали знаевте дека течноста од киселите краставички е добра за здравјето?

0
1961

Киселите краставички се сметаат за здрава храна со векови. Клеопатра дури тврдела дека нејзината исхрана со кисели краставички помогнала да се одржи нејзината убавина, а Јулиј Цезар ги хранел со нив своите војници за да им ја зголеми силата. А што е со течноста во која се наоѓаат краставичките?

Киселите краставички се одличен додаток во салати или сендвичи, но дали знаевте дека можете да ја искористите и течноста во која стојат?

Кога станува збор за здрава храна, сигурно не ви паѓа на памет течноста од киселите краставички. Сигурно не ви се верува дека сокот што обично го фрлате е навистина добар за вас!?
„Оваа течност е претежно солен раствор, но е изненадувачки извонреден извор на електролити, антиоксиданти и хранливи материи”, вели нутриционистот Аншул Џаибарат од Делхи.

Д-р Рупали Дата пак, клинички нутриционист, за SmartCooky вели: „Сокот од киселите краставички е во основата сол и некои минерали и може да се користи како течност за рехидрација. Таа е богата со витамини и хранливи материи само ако е направена од ферментирани краставички“.

Еве зоште треба да ја користите:

Оцетната течност од киселите краставички е богата со електролити па можете да ја испиете без било какви други додатоци после вежбањето и така да повратите дел од вредните елементи кои сте ги изгубиле со потењето. Таа е и добар извор на калиум кој го спречува грчењето на мускулите. Секако, треба да ја процедите и да ја одвоите од лукот, копарот и другите зачини кои обично се ставаат во неа.

Оваа течност е добра за дигестивниот систем.
„Го поттикнува растот и здравиот баланс на добри бактерии и флора во стомакот”, вели д-р Маној К. Ахуја, од болницата Фортис.
Сокот од киселите краставички може да се употребува и наместо друг вид на оцет за одредени видови на салати, како што се зелена салата, салата од компири и тврдо варени јајца.
Течноста можете да ја додадете во јогурт па да направите прелив за салата или да ја искористите за маринирање на месо. Ставете мала количина од оваа течност налејте на кришки кромид за да ја намалите нивната лутина и да ги подготвите како додаток за покомплексни салати од зеленчук.
Киселата течност може да послужи и за подготвување на необични коктели. Можете да ја додадете во мартини (наместо маслинов сок кој обично се става) или со неа да „пресечете“ чашка виски, што стана тренд помеѓу хипстерите. На крајот, течноста од киселите краставички е и одличен лек против мамурлак.

„Оваа течност содржи антиоксиданти, електролити и особено висок процент на витамин Ц и калциум“, додава д-р Ахуја. Антиоксидансите не само што ја превенира штетата од слободните радикали, туку и хранливите материи многу полесно се апсорбираат во телото поради киселината на течноста.

Течноста се смета за ефикасен домашен лек за ПМС, бидејќи помага да се ублажат грчевите.

Пиењето на течноста од кислеите краставици нема вистински несакани ефекти, но постојат одредени претходно постоечки состојби кои може да се отежнат.

1. Не го употребувајте сокот од киселите краставички ако сте на диета со намалено количесто на натриум поради некоја медицинска состојба.

2. Ако имате гихт или било каква фамилијарна историја на гихт, избегнувајте го пиењето на оваа течност бидејќи може да предизвика натрупување на мочна киселина.
3. Задржување на водата и надуеност се вообичаени несакани ефекти од преголемото количество на оваа течност, па бидете внимателни.
4. Прекумерното користење на сокот од краставички може исто така да резултира со хипертензија или привремен скок во крвниот притисок.

Доколку немате вакви проблеми, следниот пат кога ќе купите тегла со кисели краставички не заборавајте дека внатре има и повеќе од само краставички.