Рецептот за оваа непечена веганска торта е малку произволен, со оглед на тоа што се зависи и од количината што сакате да ја добиете на крајот.
Во секој случај, приготвувањето е едноставно, брзо и лесно, а ви требаат само мелени посни кекси, портокали, црно чоколадо, суво грозје, ореви, шеќер и кокосово масло по потреба.
Кексите се мелат и се мешаат со останатите состојки. За да не е сува смесата, од портокалите се прави сок и се додава во смесата толку колку што треба за да се обликува.
Вкусот е одличен и незаборавен.