Урми, урми и само урми

Богати се со хранливи материи, помагаат за намалување на ризикот од рак во абдоменот, добри се за очите, за ублажување на болки, за бремени жени, за деца, па дури и за кожата

0
980

Урмите се богати со хранливи материи кои се многу корисни за здравјето. Кога ќе видите колку се здрави, сигурно ќе се најдат и на вашето мени.

Богати се со хранливи материи

Урмите се богати со бакар, калиум, влакна, манган, витамин Б6 и магнезиум.

Го подобруваат варењето

Корисни се против запек, синдром на нервозни црева, за гликемискиот индекс и другите проблеми со варењето.

Ублажуваат болки

Урмите содржат магнезиум кој има анти-инфламаторно својство што значи дека ги ублажуваат болките и отокот. Исто така, го намалуваат ризикот од срцеви болести, артритис и Алцхајмеровата болест.

Во бременост

Урмите го олеснуваат породувањето. Тестирањата покажуваат дека жените кои јаделе урми најмалку 4 недели пред терминот имале полесно породување.

Висок крвен притисок и инфаркт

Магнезиумот во урмите го снижува крвниот притисок, а калиумот е одличен за крвотокот.

Здравје на мозокот

Урмите содржат витамин Б6 кој е одличен за здравје на мозокот.

Анемија

Урмите содржат голем број минерали и многу високо ниво железо што ги прави совршен додаток во исхраната на анемичните луѓе.

Алергии

Содржат органски сумпор кој е многу корисен за нашето здравје, вклучувајќи го тука и намалувањето на алергиските реакции.

Рак во пределот на абдоменот

Истражувањето покажало дека се урмите одличен начин за намалување на ризикот од рак во пределот на абдоменот.

Витамини за очи

Урмите содржат лутенин и зеаксантин. Тие ги потпомагаат клетките на епителот за добар вид и го спреќуваат оштетувањето на макулата.

Храна за бебиња

Шеќерот од урмите е најприкладен за бебињата затоа што најлесно се вари. Современиот институт за храна советува урми да им се даваат на децата кои се нервозни или хиперактивни.

Ја јакне забната глеѓ

Урмите содржат флуор кој е многу важен минерал во борбата против кариесот и го спречува расипувањето на забите.

Помош кај неисхранетост

Еден килограм урми имаат околу 3000 калории. Помагаат за додавање на тежина и корисни се за оние кои се премногу слаби.

Еластичност на кожата

Заради витамините кои ги содржат кожата станува поеластична. Овие витамини ги збогатуваат поткожните ткива и ја прават кожата мека и мазна.