Урбано градинарство: Ако може Париз, зошто да не и Скопје

Кои се придобивките на урбаното градинарство и зошто е тоа најважното движење во овој век? Има ли шанси во Скопје да видиме нешто слично?

0
917

Во градот на светлината пред две години е одобрен закон кој на секој граѓанин му дозволува да направи урбана градина, како во вертикална, така и во хоризонтална форма.

По донесувањето на овој зелен закон, Парижаните можат да садат билки на ѕидовите, во саксиите, на покривите, под постоеките дрвја или на било кое друго место кадешто билките можат да се развијат. На жителите на Париз им е дозволено пред своите домови или канцеларии да садат цвеќе, но и овошје и зеленчук. Идејата е до 2010 година да се создадат уште 100 хектари зелени ѕидови и градини на покривите, а една третина од таа површина да бидат овошје и зеленчук.

Мештаните кои ќе одлучат да се занимаваат со градинарство во парискиот јавен простор ќе мораат да се служат со одржливи методи и да не користат пестициди. Исто така, од нив ќе се бара да се обврзат дека ќе се грижат за својата градина и дека таа позитивно ќе влијае на естетиката на Париз. Зелени дозволи ќе се издаваат на три години, со можност за продолжување.

Со примената на овој закон, градските власти се надеваат дека Париз ќе стане поздрав и поубав град, но и дека на овој начин ќе се зајакнат меѓусоседските релации.

Очигледно е дека градинарството стана најраспространетото хоби на светот. Кога велиме хоби, не мислиме само на оние кои ги уредуваат своите градини во селата, туку и на оние во градовите кои ја користат секоја педа земја, саксија или кутија за да засадат по нешто.

Но градинарството повеќе не е само хоби, туку стана и потреба за која сѐ повеќе се зборува.

Потреба за одгледување на здрава домашна храна, зачински билки, овошје и зеленчук го надмина првобитниот мотив за занимавање со градинарство од љубопитство.

Произвпдството на храна полека се враќа во градовите, а органските принципи на одгледување на храна се сѐ поприсутни.

Потребата пак за здрава животна средина во опкружување во кое доминира градскиот бетон го активираше герила градинарството кое го враќа зеленилото во градовите.

Како градинарството стана потреба, а не мода?

Веќе со години живееме на штетен и неодржлив начин кој го разорува екосистемот на Земјата. Еколошкиот буџет на Земјата е и официјално потрошен. Нашата планета повеќе не стасува на време да ги обнови своите ресурси со што дополнително се троши она што би требало да ни трае цела година. Сепак, ситуацијата се менува со мали чекори. Сѐ поголем е процентот на луѓе кои се занимаваат со органско земјоделство, а органската храна со голема брзина добива сѐ поголемо значење.

Сѐ повеќе нови градинарски заедници, иницијативи и организации, урбани градинари и други кои организирано се борат за тоа да им ја вратат природата на луѓето.

Така, градските власти во Париз уште пред 2-3 години одлучиле да понудат 47 места во француската престолнина за одгледување билки и зеленчук, како крововите на Опера Бастилја или во подземните гаражи.

За да се зазелени густо наелениот француски главен град, за садење се понудени покривите, фасадите и подземните простори.

Опера Бастилја понудила кровна површина од 5.000 квадратни метри а во понудата се и 270 квадратни метри скали на концертната арена во Берси.

Управата на градскиот сообраќај савила на располагање 1.000 квадратни метри кровна тераса од својот здравствен центар, а хиподромот во Венсен понудил 3.500 квадрати кров и централен дел кој ја опкружува стазата, за одгледување зеленчук.

Властите ги повикале „иноваторите од цел свет“– здруженија, пејзажни архитекти, земноделци и претприемачи да предложат проекти за зазеленување или земјоделско производство во градски услови.

Парцелите би требало да бидат погодни за користење на различни техники на одгледување како аквапонија – органско производство на зеленчук во која рибите и билките се одгледуваат во поврзан систем, хидропонија – одгледување во течен хранлив раствор, пермакултура – создавање систем по угледот на природните екосистеми, производство на печурки.

Целта на оваа акција е до 2010.година да се засадат вкупно 100 хектари во Париз и така на конкретен начин да се одговори на предизвиците кои ги носат со себе климатските промени.

Фотографијата е од ТУКА.