Украсете ги велигденските јајца едноставно и еколошки (ВИДЕО)

Одберете најубави салфети и украсете ги јајцата со декупаж техника, само со помош на белка и мала четкичка.

0
960

Сигурно многу од вас како деца сте собирале салфети и сте ги имале во најразлични дизајни и бои. Потсетете се на детството и украсете ги велигденските јајца со помош на најубавите салфети што можете да ги најдете во продавниците или прошетајте се на кафе кај неколку пријателки, земете од секоја по 1 салфета и ќе добиете најразновидни велигденски еколошки јајца.

Имено, за овој начин на украсување не ви се потребни ниту лепак ниту боја.

Се што ви треба е една белка, варени јајца, исечоци од најубавите салфети, односно од оние мотиви од салфетите кои сакате да ги пресликата на јајцето и една четкичка. За ова ви е потребен само еден слој од салфетата.

Премачкајте го свареното јајце со белка и залепете го на него она парче од само еден слој од салфетата кадешто се наоѓа мотивот што сакате да го пресликате и полека со четкичката натопена во белка премачкајте го уште еднаш и оставете го да се исуши.

На крајот, премачкајте ги со масло.