Јагнешки котлети во зачински билки

За поубава боја и вкус на зачинските билки во смесата за премачкување на месото додадете ф‘стаци, а за да останат на место, послужете се со белка од јајце...И ете ви идеја за велигденски ручек

0
701

Јагнешките котлети печете ги цели и исечете ги дури после печењето за да бидете сигурни дека нема да бидат суви.

Времето на печење е најдобро да го прилагодите на сопствениот вкус. На ова миризливо месо не му требаат агресивни зачини па затоа употребете медитерански билки и агруми како лимони и портокали.

Состојки:

2 x по 500 г јагнешки котлети

Сол, црн пипер

2 лажици масло

3 лажици ф‘стаци

1 белка

Китка зачински билки (нане, босилек, мајчина душица …)
2 лажици путер

1 лажица презли

600 г спанаќ

Приготвување:

Посолете ги и забиберете ги котлетите и пропржете ги на лажица масло околу 5 минути. Печете ги на 140°C околу 15 минути, а за тоа време подгответе ги зачините.

Издробете ги ф’стаците и помешајте ги со зачини, со изматена белка, путер и презли. Обложете го месото со смесата па печете уште 10-тина минути.

Расечете ги котлетите и послужете ги со динстан спанаќ или нешто друго по ваша желба.