Трикови за слабеење кои можат да ви се допаднат

Чоколадно млеко, пиво, чај или кафе, вода со мраз, почести оброци, повеќе сон и секако, повеќе вежбање, може да бдат поефикасни за намалување на телесната тежина од сите здодевни диети за кои сте чуле досега

0
655

Диетите се здодевни, монотони и неодржливи на подолг период. Наместо да држите диета, испробајте ги овие трикови со чија помош побрзо ќе ослабнете.

Ако сакате да слабеете здраво и да не се изгладнувате, важно е да се храните здраво и да вежбате. Сепак, некои од овие трикови можат малку да помогнат и да го забрзаат тој процес.

Пијте чоколадно млеко

Студиите покажале дека консумирањето чоколадно млеко после тренинг го забрзува опоравувањето и согорувањето масти.

Се смета дека овој напиток е добар за опоравување и слабеење затоа што содржи протеини, калциум и антиоксиданси.

Јадете почесто

Лесно е да помислите дека треба да ги прескокнувате оброците за да ослабнете, а всушност е подобро да јадете почесто.

Бидејќи е важно да потрошите повеќе калории отколку што ќе внесете за да ослабнете, луѓето лесно доаѓаат во искушение да ги прескокнат оброците, но тоа може да има спротивен ефект.

Причина за тоа е што телото се обидува да се заштити – ако не внесувате редовно „гориво“, го забавува метаболизмот и прави резерви, со што се таложат масти во телото. За да го избегнете ова, јадете почесто, а помалку, со редовни физички активности.

Пијте пиво?!

Иако често се зборува за т.н. пивски стомак, всушност се утврдило дека овој пијалок може да помогне во слабеењето, секако, ако се пие умерено.

Околу третина мажи и жени погрешно веруваат дека пивото содржи повеќе калории од сите други алкохолни пијалоци. Меѓутоа, кога за потребите на една студија го замениле виното со пиво на една недела, „заштедиле“ толку калории колку што би потрошиле со получасовно џогирање.

Професор Чарли Бамфорт објаснува дека калориите од алкохолните пијалоци доаѓаат од самиот алкохол, а бидејќи пивото не содржи многу, нема ниту многу калории.

Пијте вода со мраз

Едноставен, а ефикасен трик за слабеење – во шише вода кое го носите со себе на тренинг, додадете и некоја коцка мраз.

Една студија утврдила дека учесниците со вишок килограми можат да вежбаат подолго кога со ладна вода го разладуваат телото, бидејќи на тој начин побавно се подига внатрешната температура на телото.

Спијте повеќе

Спиењето е многу важно кога станува збор за слабеење, затоа што му помага на телото да се опорави.

Токму во текот на сонот мускулите растат и се опоравуваат, што е многу важен дел од менувањето на изгледот на телото и намалувањето на мастите во организмот.

Исто така, минатата година научниците утврдиле дека луѓето кои спијат помеѓу седум и девет часа во текот на ноќта поретко имаат „напади“ на глад во текот на денот.

Пијте чај или кафе

Неодамна спроведената студија утврдила дека внесувањето кофеин пред тренинг може да помогне во текот на тренингот да согорите повеќе масти.

Причина за тоа е што кофеинот го забрзува метаболизмот, а кафето пред вежбање може да го наведе телото да користи масти како извор на енергија.

Опуштете се

Вежбај, јади, спиј, па повторно – за многумина е тоа многу стресно, а наспроти посветеноста, може да доведе до вишок килограми, наместо до нивно намалување.

Хормонот на стрес, кортизол, ви отежнува да им одолеете на грицките, велат научниците кои утврдиле дека е речиси невозможно да се игнорира „нездравата“ храна кога сме под стрес, уморни или премногу сме вежбале.

Фото: Pexels