Импровизиран чизкејк

На овие летни температури, овој колач е вистински погодок. Не вклучувате рерна, а резултатот е: лесен, освежителен и не многу благ десерт

0
334

Состојки:

За подлогата:

300 г мелени кекси

150 г мелени ореви

100 г омекнат путер

и малку млеко за да се спојат сите состојки

За филот:

300 г несолена урда

1 павлака

100 г шеќер во прав

2 кесички ванилин шеќер

Овошје и уште малку шеќер во прав за поросување, по ваш избор

Приготвување:

Измешајте ги состојките за подлогата и втиснете ја смесата во калап за колач.

Ставете ја кората во фрижидер додека да го изматите филот.

Само измешајте ги урдата, павлаката и шеќерот и размачкајте го филот врз кората. одозгора наредете овошје по ваш избор. Ние ставивме праски, аронија и 1 банана.

Поросете со шеќер во прав ако сакате да биде малку поблаго.